Министерот г. Џемаил Чупи на работна посета во црковната општина и црквата Свети Никола во Мајнц, С.Р Германија

Во рамките на работната посета на Сојузна Република Германија, Министерот д-р Џемаил Чупи, посети парохискиот свештеник Константин Павлевски во црковната општина и г. Никола Стоев претседавачот на црквата Свети Никола во Мајнц, за време на посетата министерот Чупи беше запознаен со верските и културните активности на оваа црква која со години им служи на нашите сонародници кои живеат во градот Мајнц и околината.
Министерот г. Чупи, им честити за досегашните активности и му се заблагодари за укажаното гостопримство и повикува овие посети да се интензивираат и развиваат кога ќе има различни културни настани.

Macedonian