Преставник на Кабинетот на Министерот задолжен за дијаспора г. Џемаил Чупи, г. Сејди Демири присуствуваше на онлајн средба со преставници на Бизнис комора за дијаспора
На 15.04.2022 година, се оддржа онлајн средба организирана од страна на Бизнис комора за дијаспора со бизнис асоцијации и бизнисмени од Косово. На оваа средба беше поканет да учествува и Министерот без ресор задолжен за дијаспора, д-р. Чупи, но поради зафетеност на оваа онлајн презентација учествуваше, надворешниот советник на министерот, Сејди Демири.
На презентацијата на претседателството на оваа асоцијација беше презентиран кусиот преглед на досегашни нивни активности, а основна цел беше пошироко учество во оваа комора на поголем број на бизнисмени од дијаспората да се вклучат во оваа платформа со цел размена на искуства, предлози и изнаоѓање можности за инвестирање во земјите на потекло.
Интересно е да се истакне дека една од иницијативите беше да се формираат слободни зони за инвестирање на бизнисмени од дијаспората по потекло од матичните земји.
Демири истакна дека оваа комора претставува еден нов прозорец за привлекување на инвестиции од успешни бизнисмени од дијаспората да инвестираат во односните земји, што ќе придонесе за поголем економски развој.