Министерот Чупи пречека на средба претседателот и претставниците на Унијата на исламски центри во Германија
Деновиве кога нашите иселеници престојуваат во својата татковина, министерот Чупи оствари средба со г. Менсур Халили претседател на Унијата на исламски центри во Германија, Реџеп Сулејмани заменик-претседател, професор Амир Џеладини член на огранокот на унијата во покраината NRW и со Муса Ферати член на огранокот на унијата во покраината NRW.
Царинската управа одговара на барањето за отворање посебни ленти на граничните премини
Во мај годинава, Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, достави допис до Царинската управа со предлог да бидат олеснети дел од услугите за нашата дијаспора. Од управата е побарано воспоставување на посебни коридори на граничните премини за нашите иселеници, посебно за време на летните одмори кога реално постои зголемена потреба со цел да им се помогне и да го избегнат прекумерното чекање на истите.