Министерот г. Џемаил Чупи со конкретни предлози до надлежните државни органи за олеснување на граничните премини за иселениците
Врз основа на претставките на нашата дијаспора, министерот д-р Џемаил Чупи, испрати конкретни предлози до надлежните државни органи за имплементација на олеснувачки методи во рамки на законските одредби, надлежностите и капацитети предвидени во Законот за гранична контрола и Законот за царина, со цел надминување на предизвиците со кои се соочува нашата дијаспора при посетата на татковината, особено за време на летните одмори, кога напливот на граничните премини е поголем.