Министерот г. Џемаил Чупи на работна посета во Германија беше примен од претседателот на Унијата на албанските исламски центри во Германија, г. Менсур Халили

Me datë 27.04.2022, Ministri Dr. Xhemail Çupi filloi vizitën e punës në Republikën Federale të Gjermanisë, i shoqëruar nga antarët e kabinetit të diasporës, z.Demiri dhe z.Korumi.Takimi i parë u realizua në Diseldorf, në hapsirat e Qendrës Kulturore Islame Shqiptare ku ministri Dr. Xhemail Çupi u prit nga Kryetari i Unionit të qendrave islame shqiptare në Gjermani (Uiazd) z. Mensur Halili, kolegëve të tij dhe antarët e tjerë të kryesisë dhe unionit.

Macedonian

Министерот г. Џемаил Чупи на работна средба го прими директорот на Управата за водење на матичните книги, г. Блерим Абази

Министерот д-р Џемаил Чупи на работна средба го прими директорот на Управата за водење на матичните книги, г. Блерим Абази.
На средбата се разговараше како да се олесни издавањето на документација од страна на Управата за матични книги за граѓаните кои живеат во дијаспората, особено во летниот период кога приливот на мигранти е поголем. 
Исто така се разговараше и за правење соодветни законски реформи во земјава со цел да се усогласуваат со издавањето на дигиталните документи што веќе се применува во западниот свет.
 

Macedonian

Преставник на Кабинетот на Министерот задолжен за дијаспора г. Џемаил Чупи, г. Сејди Демири присуствуваше на онлајн средба со преставници на Бизнис комора за дијаспора

На 15.04.2022 година, се оддржа онлајн средба организирана од страна на Бизнис комора за дијаспора со бизнис асоцијации и бизнисмени од Косово. На оваа средба беше поканет да учествува и Министерот без ресор задолжен за дијаспора, д-р. Чупи, но поради зафетеност на оваа онлајн презентација учествуваше, надворешниот советник на министерот, Сејди Демири.
На презентацијата на претседателството на оваа асоцијација беше презентиран кусиот преглед на досегашни нивни активности, а основна цел беше пошироко учество во оваа комора на поголем број на бизнисмени од дијаспората да се вклучат во оваа платформа со цел размена на искуства, предлози и изнаоѓање можности за инвестирање во земјите на потекло.
Интересно е да се истакне дека една од иницијативите беше да се формираат слободни зони за инвестирање на бизнисмени од дијаспората по потекло од матичните земји.
Демири истакна дека оваа комора претставува еден нов прозорец за привлекување на инвестиции од успешни бизнисмени од дијаспората да инвестираат во односните земји, што ќе придонесе за поголем економски развој. 

Macedonian

Преставничката на Кабинетот на Министерот задолжен за дијаспора, д-р Џемаил Чупи, м-р Вања Христовска Каил присуствуваше на онлајн Презентација на алатките за мапирање на дијаспора

На 13.04.2022 година, м-р Вања Христовска Каил - Советник за соработка со меѓународни организации при Кабинетот на Министерот задолжен за дијаспора, присуствуваше на онлајн Презентација на алатките за мапирање на дијаспората, организирана од страна на ИОМ, на која земаа учество претставници на Министерството за Надворешни работи на РСМ и експерти од ИОМ канцелариите во Женева и Виена, со цел како запознавање со новата методологија и техники на мапирање така и споделување на успешни искуства од други држави но и пречките со кои истите се соочиле при истражувањата во ова поле на интерес.

Macedonian

Pages