Претставникот од кабинетот на Министерот задолжен за дијаспора, г. Алберт Деде во работна посета на Албанија

Претставникот на кабинетот г. Алберт Деде, во својство на посебен советник на министерот задолжен за дијаспора Д-р. Џемаил Чупи, следствено на неговата средба пред неколку дена со државните претставници на Албанија за дијаспората, г. Краши и г-ѓа. Куко, каде се договорија за размена на позитивни искуства во служба на дијаспората, оствари работна средба со префектот на префектурата Корча, г. Нертил Јоле, со извршната директорка на Националната агенција за дијаспора - Тирана, г-ѓа. Сонила Хиси, со ангажираната за дијаспора при Префектурата Корча, г-ѓа. Орнела Бена, со директорот на Локалната дирекција за граници и миграции за регионот на Корча, г. Фатмир Хоџа, како и со градоначалникот на Општина Пустец, г. Пали Колефски.

Macedonian

Говор на министерот Др. Џемаил Чупи во научниот симпозиум во чест на творештвото на проф. Др. Себахатин Заим

Во овој научен симпозиум што се одржа во чест на творештвото на проф. Др. Себахатин Заим, министерот Чупи одржа говор, кој во целост го пренесуваме во продолжение:

Почитуван градоначалник на општина Штип, г. Иван Јорданов, почитуван заменик министер за образование и наука д-р. Лулзим Алиу, почитуван заменик министер за култура г-дин. Даим Лучи, почитуван Ректор на Државниот Универзитет на Чанаккале, 18 март, проф.д-р. Седар Мурат, како и сите останати присутни на овој Симпозиум.

Macedonian

Министерот Чупи, со информација до нашите иселеници во СР Германија за зголемување на конзуларните капацитети

Со големо задоволство министерот Чупи, ја информира нашата дијаспора во Сојузна Република Германија, а особено оние од сојузните покраини Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Рајнска област-Пфалц, Нидерсахсен, дека нашите заложби за излегување во пресрет на нашите иселеници за што поефикасно и поквалитетно пружање на конзуларни услуги од страна на Одделението на Амбасадата во Бон, поради големиот број на дијаспора на овие простори, вродија плод. 

Macedonian

Министерот Чупи, со конкретни барања до релевантни институции за нова авиолинија Тревизо-Охрид

Министерот во Владата на Република Северна Македонија задолжен за дијаспора, д-р Џемаил Чупи, за време на престојот во Република Италија, меѓу другото имаше средби и со дијаспората од нашата земја. Тие, организирани во активни здруженија, побара од министерот Чупи да им се овозможи нова авионска линија која ќе им овозможи зближување до нивните семејства во татковината.

Macedonian

Pages