Министерот Чупи во Швајцарската Конфедерација првата средба ја оствари со шефот на стафот на ИОМ г. Амбросо и специјалниот претставник за регионот г. Кесеровиќ
На првиот ден од работната посета на Швајцарската Конфедерација министерот Чупи оствари средба со шефот на стафот на ИОМ при ОН во Женева, г. Амбросо и специјалниот претставник за регионот, г. Кесеровиќ.
На средбата министерот Чупи ги запозна соговорниците за неговата добра соработка со претставништвото на ИОМ во Скопје и исто така изрази задоволство за нивната подготвеност за соработка и подршката во поглед на нашите активности за проектот Центри за дијаспора, подигнување на институционалните капацитети за мапирање на нашата дијаспора и подигнување на меѓусебната соработка со меѓународни организации на повисоко ниво.