Министерот задолжен за дијаспора д-р. Џемаил Чупи присуствуваше на свечениот прием организиран од страна на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје
Во чест на посетата на Претседателот на Сојузна Република Германија, Н. Е. Г. Франк-Валтер Штајнмаер, денес на 30.11.2022 година, министерот задолжен за дијаспора д-р. Џемаил Чупи присуствуваше на свечениот прием организиран од страна на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.
Министерот задолжен за дијаспора д-р. Џемаил Чупи присуствуваше на седница на собранието каде на присутните им се обрати претседателот на Сојузна Република Германија Н.Е.Г Франк Валтер-Штајнмајер
На покана на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, министерот задолжен за дијаспора д-р. Џемаил Чупи присуствуваше на седница на собранието каде на присутните им се обрати претседателот на Сојузна Република Германија Н.Е.Г Франк Валтер-Штајнмајер.
Министерот Чупи учествуваше на манифестација по повод националниот празник на 28 ноември, „Денот на албанското знаме“
На овој празничен ден, во навистина пријателска средина и со респектабилно учество каде што можеше да сретнеш разни пријатели, колеги и јавни личности, на покана на амбасадорот на Република Албанија во Скопје г. Фатос Река, вечерва министерот задолжен за дијаспора г. Џемаил Чупи учествуваше на манифестацијата по повод националниот празник на 28 Ноември, „Денот на албанското знаме“.